Help

Помош:Посредник

This page is a translated version of the page Help:Interface and the translation is 100% complete.
Other languages:
Bahasa Indonesia • ‎Deutsch • ‎English • ‎Esperanto • ‎brezhoneg • ‎español • ‎français • ‎galego • ‎norsk bokmål • ‎occitan • ‎polski • ‎română • ‎sicilianu • ‎svenska • ‎македонски • ‎עברית • ‎বাংলা • ‎தமிழ் • ‎日本語

Создавање на сметка и подготовка

Чекор 1: Направете сметка

Звуците снимени на Lingua Libre ќе бидат подигнати на Ризницата. Ако сè уште немате, прво ќе треба да направите сметка на Ризницата преку страницата Special:CreateAccount.

Чекор 2: Поврзување

За да снимате на Lingua Libre ќе треба да сте поврзани со вашата сметка на Ризницата, за снимките да можат да се подигаат на неа. За таа цел , на Lingua Libre ќе треба дасе најавите со вашата сметка на Ризницата. Стиснете на човечето во горниот десен агол на страницата, а потоа на "Најава на Ризницата". Ако сè уште не сте поврзани со Ризницата, ќе ви се отвори страница која ќе ви побара корисничко име и лозинка, па потоа стиснете на « Најава ».

Екранска снимка на менито за најава на Lingua Libre преку Ризницата Кога Lingua Libre ќе ви побара дозвола за подигање на Ризницата во ваше име, прифатете.

Екранска снимка од дијалогот за дозволување на Lingua Libre да подига во ваше име на Ризницата

Чекор 3: Проверка на опремата

За да можете да снимате, треба да имате микрофон поврзан со или вграден во вашиот сметач или телефон. Звукот не треба да биде претивок или прегласен.

Снимање

Чекор 4: Пристап до Снимачот на изговор

Стиснете на « Снимач на изговор » за да дојдете до студиото за снимање.

Екранска снимка од менито за пристап до снимачот. Се отвора прозорец кој ви бара да ви го користи микрофонот. Ако имате повеќе, ќе треба да го изберете најпогодниот. Потоа требада стиснете на « Дозволи ».

Екранска снимка од прозорецот со дијалог каде на Lingua Libre му се дозволува употребата на микрофонот.

Чекор 5: Испробување на микрофонот

Најпрвин ќе треба да поминете мала проба за да видиме дали опремата работи како што треба. Ако веќе имате снимено нешто на Lingua Libre, занемарете го овој чекор и стиснете на „Следно“.

Чекор 6: Создајте говорник

Можете да се снимате себеси или некој друг. Но за секого (вие или друг), ќе треба да создадете говорник кога првпат почнувате да го снимате лицето.

Најгоре на страницата за говорник има расклопно мени со името на избраниот говорник. Тука можете да го смените говорникот и да создавате нови говорници.

Екранска снимка од дијалогот за создавање на говорник на Lingua Libre Кога создавате нов говорник, ќе мора да го внесете следново:

  • Име (не мора целосното име, но може да има два говорника со истото име)
  • Пол на говорникот
  • Јазиците што ги говори лицето: стиснете на полето „Говорени јазици“, за да го изберете јазикот или јазиците од понуденото. Во прозорчето што ќе се отвори укажете го степенот на влдеење и местото на изучување на јазикот (град, општина, регион...). Ова е полезно за оние кои ги изучуваат дијалектите или географските разлики на изговорот воопшто.
  • Место на живеење (град, општина, регион...) или место на потекло врзано со говорот. Ова е од истата причина — за оние што изучуваат нагласоци и дијалекти.

Екранска снимка од дијалогот за ставање на говорен јазик на Lingua Libre Стиснете на « Следно ».

Чекор 7: Подгответе се за снимање

Ако знаете повеќе јазици, ќе треба да изберете еден во „Снимате зборови на:“.

За да снимите само еден збор, изберете го во полето со назив „Тука внесете го зборот за снимање“, па стиснете „Enter“. Ако сакате да снимите повеќе од еден збор, просто повторете го претходниот чекор.

Екранска снимка од многу зборови за снимање на Lingua Libre За да снимите список, стиснете на „Месен список“. На прозорецот што ќе ви се отвори внесете го јазичниот код („mkd“ за македонски), а потоа коса црта (/), па името на списокот што сакате да го снимите. Кода ќе го изберете соодветниот список, стиснете на „Готово“.

Екранска снимка од дијалогот за избор на список за снимање на Lingua Libre Можете да отстранувате зборови од списокот стискајќи на иконката со корпа што се јавува десно од зборот кога ќе отидете со стрелката врз него.

Ако веќе сте лагодни на Lingua Libre, можете да пробате да направите свој список. Ова е објаснето на страницата „Помош:Создавајте ваши списоци“.

Ќе биде добро да стиснете на „Смешај го списокот“ пред да снимате, особено ако списокот е предолг и ако не знаете дали воопшто да го снимате. Ова ќе спречи сите говорници да ги снимат истите зборови од почетокот на списокот.

Ако сè ви е поставено како што треба, стиснете на „Следно“.

Step 8: Снимање

Ви се отвора страница со зборови што треба да ги снимите на сини квадрати. Големото црвено копче е за снимање. Станува посилно кога снимате, а побледо кога снимањето е запрено.

Кога ќе сте спремни, стиснете на копчето за снимање. Зборовите автоматски се редат еден по друг.

Екранска снимка со снимање на зборови на Lingua Libre Ако направите грешка, стиснете на згрешениот збор и снимете го повторно.

Кога ќе сте готови, стиснете на „Следно“.

Step 9: Проверка на снимките

Можете да ги преслушате направените снимки пред да ги објавувате. Секоја снимка има копче за пуштање од лево.

Ако некоја снимка не ви се допаѓа, отстранете ја од звуците за објавување стискајќи на иксот десно од неа.

Екранска снимка со проверка на снимки на Lingua Libre Кога ќе сте задоволни, стиснете на „Објави на Ризницата“. Почекајте да заврши објавувањето (до секој звук ќе се појави зелена иконка со штикла). И, готово! Сега можете да ги најдете направените снимкките на Lingua Libre, но и во складот на податотеки на Ризницата!

Поврзано

Lingua Libre Help pages
General help pages Help:InterfaceHelp:Your first recordHelp:Choosing a microphoneHelp:Configure your microphoneHelp:TranslateHelp:LangtagsLinguaLibre:Language codes systems used across LinguaLibreLinguaLibre:List of languages
Linguistic help pages Help:Add a new languageHelp:HomographsHelp:List translationHelp:Ethics
Lists help pages Help:Create your own listsHelp:How to create a frequency list?Help:Why wordlists matter?Help:Swadesh listsHelp:ListsHelp:Create a new generator
Events, Outreach Lingualibre:EventsLingualibre:RolesLingualibre:WorkshopsLingualibre:HackathonLingualibre:Interested communitiesLingualibre:Events/2022 Public Relations CampaignLingualibre:MailingLingualibre:JargonLingualibre:AppsLingualibre:CitationsService civique 2022-2023
Strategy Lingualibre 2022 Review (including outreach)2022-2023 Lingualibre wishlist • {{Wikimedia Language Diversity/Projects}} • Speakers map • Voices gender • StatsLingua Libre SignIt/2022 report • {{Grants}}