Help
Помош:Направете нов создавач
Создавачите се мали независни алатки кои се вклучени во Снимачот на изговор со цел автоматско создавање на некои зборовни списоци. Ако го владеете програмскиот јазик JavaScript , тогаш лесно ќе можете да направите свој создавач и да го споделите со другите. Еве како се прави:
- Прекопирајте го целиот код од показната алатка: MediaWiki:Gadget-Demo.js;
- Префрлете го во common.js;
- Прилагодете го кодот според вашата замисла следејќи ги коментарите;
- Зачувајте;
- Превчитајте го Снимачот на изговор и испробајте во вашиот нов создавач.
Напомена: во мигов ова можат да го прават само администратори. Во иднина секој ќе може да испробува нови создавачи.
Штом кодот е изготвен и сметате дека истиот ќе биде полезен за другите, можете да побарате од администратор (во Разговорницата) да го премести во алатка (достапна за оние што ќе ја вклучат во нагодувањата) или непосредно во Снимачот на изговор (достапно за сите).