LinguaLibre

Difference between revisions of "About/mk"

(Updating to match new version of source page)
(Updating to match new version of source page)
Line 16: Line 16:
 
<div class="columns v-center">
 
<div class="columns v-center">
 
<span style="font-size: 35px; line-height: normal;">
 
<span style="font-size: 35px; line-height: normal;">
Веќе имаме '''1100 членови''' и над '''790,000 снимки''' на Lingua Libre. Приклучете ни се
+
<div class="mw-translate-fuzzy">
 +
Веќе имаме '''1100 членови''' и над '''800,000 снимки''' на Lingua Libre. Приклучете ни се
 +
</div>
 
</span>
 
</span>
 
<div style="margin-top: -5px; text-align: center;">
 
<div style="margin-top: -5px; text-align: center;">

Revision as of 17:20, 2 March 2023

Other languages:
Bahasa Indonesia • ‎Bahasa Melayu • ‎Deutsch • ‎English • ‎Esperanto • ‎Toki Pona • ‎Türkçe • ‎brezhoneg • ‎dansk • ‎español • ‎euskara • ‎français • ‎italiano • ‎norsk bokmål • ‎occitan • ‎polski • ‎português • ‎română • ‎sicilianu • ‎svenska • ‎íslenska • ‎башҡортса • ‎македонски • ‎русский • ‎עברית • ‎অসমীয়া • ‎తెలుగు • ‎ဘာသာ မန် • ‎ၽႃႇသႃႇတႆး  • ‎日本語

Lingua Libre е проект на Викимедија Франција кој има за задача да изгради соработен и слободно лиценциран аудовизуелен корпус со цел да:

  • Ги прошири знаењата за јазиците и на јазиците на семрежјето на аудиовизуелен начин, како на Викимедиините проекти, така и вон нив;
  • Да го поддржи развојот на семрежните јазични заедници — особено оние со малку можности, малцинските, регионалните, усмените и знаковните — сè со цел да им се помогне на заедниците да добијат пристап до семрежни информации и да ја запазат живоста на тие јазици.

Lingua libre illustration - interface.svg

Веќе имаме 1100 членови и над 800,000 снимки на Lingua Libre. Приклучете ни се

Music-technology-guitar-microphone-studio-amplifier-846852-pxhere (cropped).jpg

Како да учествувам?

Можете да го користите Lingua Libre за да истражувате и користите снимките на други места, да придонесувате кон корпусот снимајќи зборови, или пак да го подобрувате самото мрежно место во консултација со заедницата.

Јазичето Снимач на изговор ви овозможува да правите кратки звучни снимки (1 збор, 1 фраза), да ги категоризирате и да ги објавувате на Ризницата на Викимедија од сметач или паметен телефон. За таа цел ќе треба да се најавите или да направите корисничка сметка. Корисничкото упатство ќе го најдете на помошната страница.

За да ги измените овдешните страници, просто најавете се и стиснете на „Измени“. За да додадете уште страници, постапката има два чекора: во пребарувачот внесете го насловот на страницата што сакате да ја направите, со претставката "LinguaLibre:“. Ќе ви се појави порака со покана да ја создадете страницата. За сите позначајни измени ќе треба најпрвин да ја консултирате заедницата.

Општење со заедницата

Слободно известете ја екипата ако сметате дека нешто треба да се подобри. За таа цел обратете се на Разговорницата, на општенскиот список или на Discord.

Зошто да учествувам?

Lingua Libre настана откако воочивме неколку недостатоци на Викимедиините проекти и на семрежјето воопшто:

  • Недостаток на разновидност: Иако семрежјето во принцип е отворено за секого, неговите содржини ни оддалеку не ги застапуваат сите јазици подеднакво. Преку 50 % од мрежни места се на англиски; само 301 од преку 7000 јазици на светот имаат слободна енциклопедија [1], и содржини со полош квалитет и бројност отколку поголемите јазици како Википедија на англиски[1],[2]. Покрај ова, овие мрежни места се посветени на содржини кои начелно ги одразуваат западните стандарди и потреби користејќи се со пишани зборови, поради што се соочуваат со недостаток на јазична разновидност.
  • Недостаток на усменост: Иако јазиците во основа се говорни (само 4.000 од 7.000 на светот имаат писмо)[4], распространувањето на знаењата и општењето преку нови технологии претежно оди писмено, особено на семрежјето, и покрај можностите кои ги нуди богатиот мултимедијален формат. Ова посредство на усменото преку писменото го попречува учеството на разни начини како што се употребата на уникодни знаци, писмената култура, правописната стандардизација на јазикот и писменоста на заедницата.
  • Овие недостатоци во разновидноста и усменоста ја ограничуваат можноста на семрежните корисници да општат и придонесуваат на различни платформи кајшто не можат да најдат содржини и заедници кои го говорат истиот јазик. Меѓу регионалните малцински јазици кои се усмени или знаковни, особено загрозени се понемоќните, добар дел од кои се соочуваат со исчезнување и чие вклучување на семрежјето е голем предизвик и прилика.
  • Од вкупно 7000 јазици, се проценува дека само 2500 ќе опстанат во наредните сто години и само 250 (помалку од 5 %!) ќе успеат во дигиталниот свет — т.е. редовно ќе се користат за за меѓусебно општење во дигиталниот простор од матични говорници кои знаат да го користат семрежјето — чинител кој допрва ќе биде од суштинско значење за нивниот опстанок[5]. Постоечките иницијативи на јазичарите и дејците за документирање и семрежно споделување на податоците, ресурсите и содржините за јазиците кои треба да се зачуваат не овозможуваат непосреден придонес кон развојот на дигитално застапена јазична заедница на семрежни корисници, и затоа имаат ограничено влијание.
  • Lingua Libre се труди да го надомести овој недостаток на поддршка ставајќи им се на располагање на јазичните заедници кои сакаат да го претстават и промовираат својот јазик во дигиталниот простор разгледувајќи алтернативи на пишаниот збор, со надеж дека ова ќе го раздвижи семрежното општење кај сè повеќе јазици. Проектот по природа им дава предност на регионалните малцински јазици кои се слабо застапени како усмени и знаковни јазици, но истовремено им користи и на позастаените јазици кои сакаат да ги истакнат нивните усмени и визуелни аспекти. За да успее во оваа задача, Lingua Libre нуди семрежно решение за масовно снимање, чиј плод е објавувањето на соработен повеќејазичен аудиовизуелен корпус под слободна лиценца, чија должност е информирање преку консултирање и оживување преку поттикнување на нови јазични заедници на Lingua Libre, а потоа и вон него.
Coolest Tool Award 2020 square logo.svg

Lingua Libre

2020 Coolest Tool
Award Winner

in the category
Diversity

Партнери