LinguaLibre
Difference between revisions of "About/mk"
(Created page with "* Lingua Libre се труди да го надомести овој недостаток на поддршка ставајќи им се на располагање на ј...") |
(Created page with "==== Општење со заедницата ====") |
||
Line 44: | Line 44: | ||
<div class="columns padded-m v-center"> | <div class="columns padded-m v-center"> | ||
<div> | <div> | ||
− | ==== | + | ==== Општење со заедницата ==== |
Do not hesitate to inform the team of any element that could be improved. To do so, discussions take place in the Chat Room, on the mailing list or on Discord. | Do not hesitate to inform the team of any element that could be improved. To do so, discussions take place in the Chat Room, on the mailing list or on Discord. |
Revision as of 10:30, 14 October 2021
Lingua Libre е проект на Викимедија Франција кој има за задача да изгради соработен и слободно лиценциран аудовизуелен корпус со цел да:
- Ги прошири знаењата за јазиците и на јазиците на семрежјето на аудиовизуелен начин, како на Викимедиините проекти, така и вон нив;
- Да го поддржи развојот на семрежните јазични заедници — особено оние со малку можности, малцинските, регионалните, усмените и знаковните — сè со цел да им се помогне на заедниците да добијат пристап до семрежни информации и да ја запазат живоста на тие јазици.
Како да учествувам?
Можете да го користите Lingua Libre за да истражувате и користите снимките на други места, да придонесувате кон корпусот снимајќи зборови, или пак да го подобрувате самото мрежно место во консултација со заедницата.
Јазичето Снимач на изговор ви овозможува да правите кратки звучни снимки (1 збор, 1 фраза), да ги категоризирате и да ги објавувате на Ризницата на Викимедија од сметач или паметен телефон. За таа цел ќе треба да се најавите или да направите корисничка сметка. Корисничкото упатство ќе го најдете на помошната страница.
To modify the website pages, simply log in and click on Modify. To add more pages, the process is in two steps: enter the title of the page you wish to create in the search engine, with the prefix "LinguaLibre:". A message will appear inviting you to create the page. For any substantial modification, please consult the community beforehand.
Зошто да учествувам?
Lingua Libre настана откако воочивме неколку недостатоци на Викимедиините проекти и на семрежјето воопшто:
- Недостаток на разновидност: Иако семрежјето во принцип е отворено за секого, неговите содржини ни оддалеку не ги застапуваат сите јазици подеднакво. Преку 50 % од мрежни места се на англиски; само 301 од преку 7000 јазици на светот имаат слободна енциклопедија [1], и содржини со полош квалитет и бројност отколку поголемите јазици како Википедија на англиски[1],[2]. Покрај ова, овие мрежни места се посветени на содржини кои начелно ги одразуваат западните стандарди и потреби користејќи се со пишани зборови, поради што се соочуваат со недостаток на јазична разновидност.
- Недостаток на усменост: Иако јазиците во основа се говорни (само 4.000 од 7.000 на светот имаат писмо)[4], распространувањето на знаењата и општењето преку нови технологии претежно оди писмено, особено на семрежјето, и покрај можностите кои ги нуди богатиот мултимедијален формат. Ова посредство на усменото преку писменото го попречува учеството на разни начини како што се употребата на уникодни знаци, писмената култура, правописната стандардизација на јазикот и писменоста на заедницата.
- Овие недостатоци во разновидноста и усменоста ја ограничуваат можноста на семрежните корисници да општат и придонесуваат на различни платформи кајшто не можат да најдат содржини и заедници кои го говорат истиот јазик. Меѓу регионалните малцински јазици кои се усмени или знаковни, особено загрозени се понемоќните, добар дел од кои се соочуваат со исчезнување и чие вклучување на семрежјето е голем предизвик и прилика.
- Од вкупно 7000 јазици, се проценува дека само 2500 ќе опстанат во наредните сто години и само 250 (помалку од 5 %!) ќе успеат во дигиталниот свет — т.е. редовно ќе се користат за за меѓусебно општење во дигиталниот простор од матични говорници кои знаат да го користат семрежјето — чинител кој допрва ќе биде од суштинско значење за нивниот опстанок[5]. Постоечките иницијативи на јазичарите и дејците за документирање и семрежно споделување на податоците, ресурсите и содржините за јазиците кои треба да се зачуваат не овозможуваат непосреден придонес кон развојот на дигитално застапена јазична заедница на семрежни корисници, и затоа имаат ограничено влијание.
- Lingua Libre се труди да го надомести овој недостаток на поддршка ставајќи им се на располагање на јазичните заедници кои сакаат да го претстават и промовираат својот јазик во дигиталниот простор разгледувајќи алтернативи на пишаниот збор, со надеж дека ова ќе го раздвижи семрежното општење кај сè повеќе јазици. Проектот по природа им дава предност на регионалните малцински јазици кои се слабо застапени како усмени и знаковни јазици, но истовремено им користи и на позастаените јазици кои сакаат да ги истакнат нивните усмени и визуелни аспекти. За да успее во оваа задача, Lingua Libre нуди семрежно решение за масовно снимање, чиј плод е објавувањето на соработен повеќејазичен аудиовизуелен корпус под слободна лиценца, чија должност е информирање преку консултирање и оживување преку поттикнување на нови јазични заедници на Lingua Libre, а потоа и вон него.