Help
Difference between revisions of "Interface/mk"
(Created page with "=== Step 8: Снимање ===") |
(Created page with "Ви се отвора страница со зборови што треба да ги снимите на сини квадрати. Големото црвено копче...") |
||
Line 69: | Line 69: | ||
=== Step 8: Снимање === | === Step 8: Снимање === | ||
− | + | Ви се отвора страница со зборови што треба да ги снимите на сини квадрати. Големото црвено копче е за снимање. Станува посилно кога снимате, а побледо кога снимањето е запрено. | |
When you're ready, click on the record button. The words are displayed one by one. The recording automatically move up to the following word. | When you're ready, click on the record button. The words are displayed one by one. The recording automatically move up to the following word. |
Revision as of 03:01, 18 October 2021
Создавање на сметка и подготовка
Чекор 1: Направете сметка
Звуците снимени на Lingua Libre ќе бидат подигнати на Ризницата. Ако сè уште немате, прво ќе треба да направите сметка на Ризницата преку страницата Special:CreateAccount.
Чекор 2: Поврзување
За да снимате на Lingua Libre ќе треба да сте поврзани со вашата сметка на Ризницата, за снимките да можат да се подигаат на неа. За таа цел , на Lingua Libre ќе треба дасе најавите со вашата сметка на Ризницата. Стиснете на човечето во горниот десен агол на страницата, а потоа на "Најава на Ризницата". Ако сè уште не сте поврзани со Ризницата, ќе ви се отвори страница која ќе ви побара корисничко име и лозинка, па потоа стиснете на « Најава ».
Кога Lingua Libre ќе ви побара дозвола за подигање на Ризницата во ваше име, прифатете.
Чекор 3: Проверка на материјалот
За да можете да снимате, треба да имате микрофон поврзан со или вграден во вашиот сметач или телефон. Звукот не треба да биде претивок или прегласен.
Снимање
Чекор 4: Пристап до Снимачот на изговор
Стиснете на « Снимач на изговор » за да дојдете до студиото за снимање.
Се отвора прозорец кој ви бара да ви го користи микрофонот. Ако имате повеќе, ќе треба да го изберете најпогодниот. Потоа требада стиснете на « Дозволи ».
Чекор 5: Испробување на микрофонот
Најпрвин ќе треба да поминете мала проба за да видиме дали материјалот работи како што треба. Ако веќе имате снимено нешто на Lingua Libre, занемарете го овој чекор и стиснете на „Следно“.
Чекор 6: Создајте говорник
Можете да се снимате себеси или некој друг. Но за секого (вие или друг), ќе треба да создадете говорник кога првпат почнувате да го снимате лицето.
Најгоре на страницата за говорник има расклопно мени со името на избраниот говорник. Тука можете да го смените говорникот и да создавате нови говорници.
Кога создавате нов говорник, ќе мора да го внесете следново:
- Име (не мора целосното име, но може да има два говорника со истото име)
- Пол на говорникот
- Јазиците што ги говори лицето: стиснете на полето „Говорени јазици“, за да го изберете јазикот или јазиците од понуденото. Во прозорчето што ќе се отвори укажете го степенот на влдеење и местото на изучување на јазикот (град, општина, регион...). Ова е полезно за оние кои ги изучуваат дијалектите или географските разлики на изговорот воопшто.
- Место на живеење (град, општина, регион...) или место на потекло врзано со говорот. Ова е од истата причина — за оние што изучуваат нагласоци и дијалекти.
Чекор 7: Подгответе се за снимање
Ако знаете повеќе јазици, ќе треба да изберете еден во „Снимате зборови на:“.
За да снимите само еден збор, изберете го во полето со назив „Тука внесете го зборот за снимање“, па стиснете „Enter“. Ако сакате да снимите повеќе од еден збор, просто повторете го претходниот чекор.
За да снимите список, стиснете на „Месен список“. На прозорецот што ќе ви се отвори внесете го јазичниот код („mkd“ за македонски), а потоа коса црта (/), па името на списокот што сакате да го снимите. Кода ќе го изберете соодветниот список, стиснете на „Готово“.
Можете да отстранувате зборови од списокот стискајќи на иконката со корпа што се јавува десно од зборот кога ќе отидете со стрелката врз него.
Ако веќе сте лагодни на Lingua Libre, можете да пробате да направите свој список. Ова е објаснето на страницата „Помош:Создавајте ваши списоци“.
Ќе биде добро да стиснете на „Смешај го списокот“ пред да снимате, особено ако списокот е предолг и ако не знаете дали воопшто да го снимате. Ова ќе спречи сите говорници да ги снимат истите зборови од почетокот на списокот.
Ако сè ви е поставено како што треба, стиснете на „Следно“.
Step 8: Снимање
Ви се отвора страница со зборови што треба да ги снимите на сини квадрати. Големото црвено копче е за снимање. Станува посилно кога снимате, а побледо кога снимањето е запрено.
When you're ready, click on the record button. The words are displayed one by one. The recording automatically move up to the following word.
If you made a mistake, you can click on a word to record it again.
When you're done, click on "Next".
Step 9: Check the records
You can then listen to the records you've done before publishing them. To listen to a record, click on the "play" button on its left.
If a record doesn't suit you, you can remove it of the sounds to publish in clicking on the cross on its right.
When you're satisfied, click on "Publish on Wikimedia Commons". Wait for the publications to be completed (a green icon with a "v" will appear beside every sound). And it's done! You can now find your records on Lingua Libre, but also on the file bank Wikimedia Commons!