Translations

LinguaLibre:About/32/mk

  • Од вкупно 7000 јазици, се проценува дека само 2500 ќе опстанат во наредните сто години и само 250 (помалку од 5 %!) ќе успеат во дигиталниот свет — т.е. редовно ќе се користат за за меѓусебно општење во дигиталниот простор од матични говорници кои знаат да го користат семрежјето — чинител кој допрва ќе биде од суштинско значење за нивниот опстанок$5. Постоечките иницијативи на јазичарите и дејците за документирање и семрежно споделување на податоците, ресурсите и содржините за јазиците кои треба да се зачуваат не овозможуваат непосреден придонес кон развојот на дигитално застапена јазична заедница на семрежни корисници, и затоа имаат ограничено влијание.