LinguaLibre
LinguaLibre:Заштита на личните податоци
Прибирање на лични податоци
За да се почитува вашиот личен живот, и во склад со Општата уредба за заштита на податоци, Викимедија Франција ги прибира само оние податоци неопходни за делотворна работа на здружението.
Така, кога давате доброволен прилог, ги собираме само оние податоци кои се најнеопходни за изготвување и испраќање на даночна потврда.
За членството, податоците се користат за изготвување и испраќање на даночната потврда, но и за испраќање покани за учество на генералните собранија.
Е-поштенските адреси може да бидат употребени за повремено испраќање на информативни писма или повици за дарување средства: ако сакате да не ги добивате, просто стиснете на врската за отпишување на крајот од пораката.
Период на чување на податоците
Во склад со законите, податоците поврзани со уплати се чуваат десет години за даночни и сметководствени цели. Освен ако не е поинаку укажано, сите други информации се чуваат три години по последното општење.
Сите податоци се вдомени на опслужувачи сместени во Европската Унија и нема да бидат пренесени вон неа.
Право на пристпа
Во склад со Законот за заштита на податоци од 6 јануари 1978 г. и Општата уредба за заштита на податоци, вие имате право на пристап, менување, исправка, преместување и бришење на податоците кои се однесуваат на вас.
За да го остварите ова право, обратете се на:
- Wikimédia France 28 rue de Londres, 75009 Paris – FRANCE
- Телефон: +33 1 42 36 26 24
- Е-пошта: privacy@wikimedia.fr
Лица за контакт
Контролорот на податоци е лицето задолжено за претседателствување со здружението.
Здружението нема службено лице за заштита на податоци бидејќи истото не обработува податоци кои го бараат тоа. Сите прашања во врска со нашите правила за постапување со личните податоци упатувајте ги на горенаведената адреса.
Жалби
Во склад со Општата уредба за заштита на податоци, имате право на жалба кај надзорен орган.
Анализа на посетеноста
Како дел од анализата на посетеноста на нашите мрежни места, ние ги прибираме вашите делумно анонимизирани IP-адреси и страниците што сте ги посетиле. Овие информации се чуваат 180 дена на нашиот промерок на Piwik, вдомен во Европската Унија. За да работи како што треба, во вашиот сметач се става колаче.