Translations

Help:RecordWizard manual/14/mk

Revision as of 04:47, 2 April 2022 by Bjankuloski06 (talk | contribs)
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)

Постојат различни начини да ги поднесете зборовите што ќе ги изговорите. Можете да:

  • внесете ваши зборови непосредно во празното поле и да додадете колку што сакате стискајќи на синот копче со плус до полето.
  • Во случај да немате инспирација во тој миг, послужете се со некоја од трите понуди на Lingua Libre во долниот десен агол, имено „Месен список“, „Во близина“, „Викимедиина категорија“ и „Надворешни алатки“:
    • Месен список: ова ви дава избор на списоци веќе создадени од друг корисник на Lingua Libre. Избраниот список го вчитувате со тоа што ќе го одберете насловот зад кодот под одделот Наслов. Не треба да го бришете кодот, туку да напишете наслов по него.
    • Во близина: оваа можност ви дава зборови според вашата местоположба. Таа се внесува на два можни начина: или рачно со внесување на вашата географска ширина и должина, или поедноставно стискајќи на знакчето за положба подолу. Википодатоците ќе извлечат неколку збора кои се тесно поврзани со местото кајшто се наоѓате. Сепак, нема начин да го ја прилагодите величината на географскиот опфат околу вас.
    • Викимедиина категорија: во овој случај внесувате клучен збор, и потоа ќе ви се појават разни други зборови извлечени од категорија на Википедија или Викиречникот, зависно од избраниот извор. Можете да и изберете и колку зборови да стојат на списокот во делот „Колку зборови да се дадат“.
    • Надворешни алатки: можете да прекопирате надворешни URL-адреси од PetScan или службата за побарување на Википодатоците (со назнака и натпис како променливи).