Help

Difference between revisions of "Add a new language/mk"

(Created page with ":* по желба можете да додадете и други искази како {{P|17}}, ... Можете и да го додадете името на јазико...")
(Updating to match new version of source page)
Line 67: Line 67:
 
}}
 
}}
  
[[Category:Lingua Libre:Help{{#translation:}}]]
+
[[Category:Lingua Libre:Help{{#translation:Language}}]]

Revision as of 23:51, 13 January 2022

Other languages:
Bahasa Indonesia • ‎Deutsch • ‎English • ‎Esperanto • ‎Türkçe • ‎brezhoneg • ‎español • ‎français • ‎interlingua • ‎norsk bokmål • ‎occitan • ‎polski • ‎português do Brasil • ‎română • ‎sicilianu • ‎svenska • ‎македонски • ‎বাংলা • ‎ไทย • ‎日本語 • ‎ꯃꯤꯇꯩ ꯂꯣꯟ

На Lingua Libre можете да снмате на било кој јазик, дијалект или разновидност. Lingua Libre користи предмет за складирање информации за јазик на ист начин како што се прави на Википодатоците. Сите постоечки јазици се наведени тука.

Ако вашиот јазик/дијалект сè уште го нема, можете да го создадете самите. За таа цел имате две можности:

  • да побарате од администратор (ова е препорачаниот начин). Список на администратори има овде.
  • рачно да созададете нов предмет

Алатка за администратори

Овој оддел важи само за администратори

Алатката LinguaImporter им служи на администраторите за непосреден увоз на јазик од Википодатоците. За да го направите тоа, проследете ги следниве чекори.

Во горниот десен агол > Корисничка икона > Нагодувања > Алатки : штиклирајте "LinguaImporter" > „Зачувај“;

Јазичето за алатки во вашите нагодувања.

Во горниот десен агол > икона „Дејства“ > „Увези јазик“ : стиснете

Менито со алатки.

Се јавува долуприкажаниот отскочник.

Отскочникот LinguaImporter за увезување на пикардскиот јазик.
Внесете ја назнаката на јазикот од Википодатоци. На пр. за пикардски јазик, внесете ја неговата назнака Q34024. Можете и да го внесете неговото англиско име: за француски јазик, внесете „French“ наместо „français“. Меѓу предложените во списокот, стиснете на релевантниот. Предупредување! Внимавајте да стиснете на правилниот јазик за да не увезете елементи кои не се јазици. Потоа потврдете стискајќи на копчето „Увези“.

Се појавува успешен отскочник, покажувајќи го предметот на LinguaLibre кој одговара на вашиот јазик.

Јазикот е успешно увезен на Lingua Libre.

Овој нов јазик сега е достапен за секој што сака да снима зборовни списоци.

Рачно создавање на нов јазик

Се препорачува да се обратите кај администратор за да ви направи нов јазик.

Знам што правам
Така ќе се увезат сите пополнети натписи на Википодатоците кои го содржат името на јазикто на неколку јазици. Ако го создавате јазикот рачно, ќе треба самите да го преведете името на јазикот.

Ако сепак настојувате јазикот да го направите рачно, проследете ги следниве чекори:

  • Стиснете на оваа врска за да создадете нов предмет. Ќе ви се даде долуприкажаната страница.
Главната страница за создавање на нов предмет.
  • Во полето за натпис, внесете го името на јазикот на јазикот што е избран од списокот на јазици;
Во полето за опис, внесете краток опис што ќе даде претстава за кој јазик се работи;
Во полето за истозначници, по желба можете да внесете други имиња под кои е познат јазикот
На крај, стиснете на копчето „Создај“.
Создавање на нгамбајски предмет. Се пополнуваат натписот, описот и истозначниците.
  • Пренасочени сте на страницата на новиот елемент што го направивте
Создадениот нгамбајски предмет. Исказите се додадени.

Сега ќе треба да ги создадете следниве искази стискајќи на „додај исказ“:

  • Wikidata ID (P12) со вредноста во обликот QXXXX каде XXXX ќе биде назнаката на овој јазик на Википодатоците;
  • ISO 639-3 code (P13) со вредноста YYY, каде YYY е ISO 639-3-кодот на јазикот, ако го има. За дијалект или јазик што не се води во ISO 639-3, не користете го ова својство;
  • по желба можете да додадете и други искази како Wikimedia language code (P17), ... Можете и да го додадете името на јазикот на други јазици (арапски, кинески, француски, руски, шпански ...).
За да го зачувате исказот ќе треба а стиснете на „зачувај“.
Додадени се неколку искази во нгамбајскиот предмет.
Овој нов јазик сега е достапен за секој што сака да снима зборовни списоци.